Со ова магично видео наречено ‘The Enchanted Factory’ модната и козметичката „Диор“ ве води во својата маѓепсана фабрика во која се создаваат привлечните парфеми и козметички производи погодни за новогодишни подароци. Со користење само на најдобрите материјали, со посебно внимание на детали и на уметноста на подарување, „Диор“ ги создава најквалитетните козметички прeпарати. Анимацијата во видеото прикажува неколку од најпопуларните подароци за Божиќ вклучувајќи ги парфемите J’adore и Miss Dior, кремите од линијата Prestige, машката козметика од колекцијата Dior Homme и карминот Диор Diorific.
Нема коментари