Магичната видео кампања за празничната колекција на брендот H&M е во духот на новогодишното празнување – конфети, забава и танцување на подиум, а сега збогатена со настапот на Лејди Гага и Тони Бенет. Иако припаѓаат на различни генерации, двајцата пејачи подолго време соработуваат и во ова видео Magical Holidays ја изведуваат It Don’t Mean A Thing (If It Ain’t Got That Swing) од нивниот заеднички албум Cheek to Cheek, додека на подиумот танцуваат супермоделите Саша Пивоварова и Џоан Смолс.
Нема коментари