Неодамна Карл Лагерфелд ја прикажа новата колекција на висока мода за „Шанел“, но тој не мирува и сега ни го претатствува последниот мини-филм Private View посветен на предесенската колекција на познатата модна куќа. Резултатот е кратко видео во манир на стрип што ја раскажува смешна приказна за купувачот кој сака сè одеднаш. Снимен во легнедарната продавница на „Шанел“ на париската улица Камбон, во филмот главните улоги ги имаат Аманда Харлек како многу важна клиентка која доаѓа на пруватно шоу и манекенката Џејми Бочерт како нервозната менаџерка на продавницата, а се појавуваат и Надја Бендер, Линдзи Виксон, Ешли Гуд, Грејс Махали. Погледнете ја целата приказна.
Нема коментари