Соработката меѓу спортската компанија Nike и јапонскиот моден бренд Sacai донесе модни парчиња во модерна силуета и во интензивни бои направени од ткаенини за спортска облека, а инспирирани од архивата на Nike и облеката за трчање, тенис и рагби. Заедничката капсулна колекција е резултат на желбата да се смислат стилски парчиња за оние што се постојано во движење и сакаат да спортуваат, дефинирајќи притоа комплетно нова естетика и функционалност во делот на спортски стил за жени.
Нема коментари