Ова видео ве води зад сцената од снимањето на фотосесија за имиџот на десеттото издание на Моден викенд – Скопје и преку него имате можност да ја почувствувате атмосферата за време на креирањето на креативата на оваа модна манифестација. Заштитно лице на претстојното идание на FWSK е Моника Алексовска, членка на модната агенција „Подиум“ и која што Stylist.mk ја прогласи за најдобра манекенка на претходното издание на Моден викенд – Скопје. Тимот задолжен за имиџот е во продукција на директорката на Моден викенд-Скопје, Светлана Богова Јовановска, фотографијата е на дуото Ани и Дими, концептот и дизајнот се на Анита Гај, за шминката и фризурата задолжени беа Зоран Шурбевски и Бубе од „Бубе Студио Ин“, видеото го направи Марина Трајковска, модната креација и стајлингот се на Виктор Цветановски, а кастинг директор е Ирина Илиевска. Јубилејното, десеттото издание на Моден викенд-Скопје, што ќе се одржи од 23 до 27 октомври, ќе биде во знакот на сензуална геометрија, чисти форми и неонски бои.
Нема коментари