Танцувајќи и изведувајќи ги своите најголеми хитови, придружуван од десетици танчери, вокали и музичари, поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк вчеравечер имаше забележлив настап на полувремето на „Пепси Супербол“. На сцената во „US Bank“ стадионот во Минеаполис тој се појави облечен во комбинација дизајнирана од британската креаторка Стела Макартни. Носеше маслинести панталони со војнички принт и кантри кошула со елен. Смени две палта: кожена јакна со реси и сако со иста шара како панталоните. Околу вратот имаше црвена марама, а на нозете „Џорданки“ . Овој познатиот модел на „Најк“, дизајниран од Тинкер Харфилд, всушност беше и најпозитивниот момент во неговиот стајлинг, а на тоа укажува и брзата распродажба на истиот за само неколку часаа по појавувањето на Џастин. Инаку кантри имиџот на Џастин се поклопува со стилот на неговиот нов албум Man of the Woods.
По најавата од комичарот и водител Џими Фелон, Џастин во 14-те минути , наменети за музичкото шоу ги испеа нумерата Filthy од својот нов албум, како и препознатливите Rock Your Body, SexyBack, My Love, Cry Me a River, Suit and Tie, Until the End of Time, Mirrors и насловната песна од анимираниот филм „Троловите“, Can’t Stop the Feeling, која ја отпеа заедно со публиката, качен на трибините.
На едно од најатрактивните спортски случувања во САД, со милонска гледаност и во остатокот од светот, трофејот го освои „Филаделфија Иглс“ победувајќи го фаворитот „Њу Ингланд Патриотс“ со 41-33. Ова е прва титула на Филаделфија во „Суперболот“ кој се игра од 1966 година.
Нема коментари