Господин Стил како што го нарекуваат Џастин O’Ши, главен купувач на модната онлајн продавница My Theresa и неговата девојка Вероника Хајлбрунер се главните актери во краткиот филм A Fistful od Wolves на „Мерцедес Бенц“ продуциран за Берлинската модна недела. Најкул модната двојка во моментов се појавува во креативно видео во кое се промовираMercedes-Benz C111, концептуален автомобил од 70-тите со кој Џастин се шета низ Берлин. Филмчето не е официјална кампања на модната недела во Берлин, туку дел од серијата видеа Fashion Creative Series на компанијата „Мерцедес бенц“, како и необиен вовед во модната манифестација што започна вчера.
Нема коментари