Во годината во која веќе видовме едно биографско дело за познатиот француски дизајнер Ив Сен Лоран, „Ив Сен Лоран“ на Жалил Лепер, публиката ќе добие уште еден филм за животот на кутуриерот и еден од најдобрите модни креатори на сите времиња. Станива збор за „Сен Лоран“ на Бертран Бонело кој премиера имаше на Канскиот филмски фестивал, со Гаспар Улиел во главната улога и кастинг составен од Жереми Рение, Луј Гарел, Леа Сејду и Амира Казар. Филмот се фокусира на животот на Сен Лоран од 1967 до 1976 година, а трејлерот само го наговестува дејствието.
Нема коментари