Џулија Робертс можеби е главното заштитно лице на новата рекламна кампања на „Живанши“, но колекцијата за пролет-лето 2015 ја промовираат и моделите Иман Хамам, Мика Арганара, Стела Лусија и Алесио Поци кои се појавуваат на фотографиите и во новото видео направено од Мерт и Маркус. Видеото е продолжение на приказната од принт-кампањата, односно модели од кожа, црна боја и сцени покрај Харли Дејвидсон, но е снимено ноќе со многу поеротична нота. Целата кампања е работена под водство на Рикардо Тиши, креативниот директор на „Живанши“. „Видеото е доста силно, многу еротично, со неколку девојки и момчиња снимени ноќе во шума. Сè разбирате, но ништо не гледате“, вели Тиши.
Нема коментари