Интригантнатата холандска дизајнерка Ирис Ван Херпен во рамките на Париската недела на висока мода ја претстави својата нова колекција. Именувана Earthwise, колекцијата го истражува чувството на слобода, процесот на движење, и е инспирирана од погледот на земјината топка од вселената.
Во видеото што ја илустрира колекијата, Ван Херпен соработуваше со Французинката Домитил Кигер, светска шампионка во параглајдерство, која скока од авион облечена во креација на дизајнерката. Ирис смета дека ова е прва ваква атлетичарка што носи висока мода за време на воздушен перформанс.
Ван Херпен со своите волшебни креации уште еднаш покажа дека 3Д печатењето кое го користи при креирање, може да биде уникатно како и рачно изработената облека која е симбол на високата мода.
Нема коментари