Шведскиот гигант ИКЕА на духовит начин се потсмева на компанијата Apple во новото видео со кое се претставува каталогот за следната година. ИКЕА одлучи да се пошегува со начинот на кој Apple ги промовира своите технолошки гаџети и користејќи го јазикот на високата технологија, дизајнерскиот гуру на компанијата Јорген Егхамер шармантно го претставува принтаниот каталог полн со мебел и предмети за декорирање. „Каталогот доаѓа со бесконечна батерија, посебна технологија за листање страници и илјадници однапред инсталирани производи“, се шегува тој. Погледнете ги сите негови досетки во следново видео со кое ја промовира не дигиталната книга, туку книга-книгата на ИКЕА.
Нема коментари