Видео верзијата на рекламата за колекцијата на Долче и Габана за есен-зима 2014/15 ја следи приказната од принт кампањата, а главна атракција е моделката Клаудија Шифер која се појавува покрај Бјанка Балти и други модели. Дејствието е сместено во магична шума, а Клаудија иако има кралска круна на главата, понекогаш изгледа како подмолна вештерка која е дел од магичен свет на кралеви, принцови и принцези, самовили, витези и воини. Погледнете што се случува во видеото наречено по истоимената колекција „Беше еднаш во Сицилија“.
Нема коментари