Култниот филмски режисер, уметник, а во последно време и дизајнер на облека, Дејвид Линч, сними кратка видео реклама за новата колекција на лакови за нокти со потпис на славниот креатор на чевли Кристијан Лубутан. Откако Лубутан стана препознатлив по чевлите со црвен ѓон, одлучи да лансира и колекција на лакови за нокти, а Линч преку видеото открива дека инспирацијата за лаковите и изгледот на шишенцето е токму од неговите чевли – од високите потпетици и од впечатливиот ѓон.
Нема коментари