Режиран од Ник Најт кој лично во повеќе наврати соработуваше со дизајнерот Александар Меквин, краткиот филм Lee Alexander McQueen, 1969 – 2010 се осврнува на најпознатите дела на брилијантниот моден визионер. Фотографот Најт кој стои зад мултимедијалниот проект SHOWstudio го сними материјалот уште во 2010 година, истата година кога Меквин трагично си го одзеде животот, објави свежо монтирана веризја, а во последниве недели претстави и друг досега невиден материјал, снимки и фотографии од нивната долгогодишна креативна соработка. Видеото е објавено во деновите пред да се затвори големата изложба посветена на Меквин во лондонскиот музеј Викторија и Алберт, Alexander McQueen: Savage Beauty, изложба која е прогласена за најпопуларна и најпосетена во историјата на музејот.
Нема коментари