Викторија Бекам заедно со четирите деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер е фотографирана на насловната страница на октомврискиот број на британски Vogue. Во целосниот едиторијал се појавува и Дејвид Бекам, а во интервјуто Викторија зборува за славата, семејството и модата. Модната дизајнерка и негошна пејачка првпат отворено ги коментира гласините дека таа и Дејвид ќе се разведат.
-Луѓето 20 години измислуваат работи за нашата врски – вели таа и додава дека со Дејвид научиле како да игнорираат бесмислените гласини – Но, овие работи имаат поширок ефект врз луѓето околу нас, и тоа е неправедно. Сфативме дека сме посилни заедно отколку како поединци. Дали некој од нас ќе беше во позиција во која сме сега, доколку не се сретнавме и не останеме заедно сите овие години?
Викторија исто така се појавувува во видео направено за Vogue посветено на нејзините 10 години како дизајнер на својот моден бренд, во покажува и доза на хумор додека прави референци на нејзината кариера во Spice Girls.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари