Британската дизајнерка Викторија Бекам деновиве изненади со три стајлинзи со впечатливи бои во Њујорк. Некогашната „спајсица“, која е препознатлива по својот минималистички изглед, најчесто ја гледаме во смирени тонови каде доминираат црната и белата. Затоа е вест секогаш кога ќе се појави во модел со впечатлива боја. Првата комбинација е црвен тенок џемпер и сини панталони.
Вториот имиџ е со впечатлив жолт мантил врз креација во истиот тон. Послдниот неочекуван стајлин е со долг окер елек врз тесни панталони и топ – женствена верзија на класичниот машки костум. Моделите се најава за колекцијата пролет-лето 2017 на етикетата Victoria Beckham. Со оглед на големиот интерес и публицитет што го повлече со овие појавувања, се покажа дека сопругата на Дејвид Бекам е најдобар промотер на својот бренд.
Нема коментари