Сопственикот на овој стан одлучил просторот да го уреди со парчиња мебел од шведскиот бренд ИКЕА, во чии огромни продавници може да се најде богат избор на мебел и предмети за домот по достапна цена. Втората одлука била да внесе вибрантност и енергичност со користење на детели во јаки бои – на неутралната основа, тој додал жолта во дневната и кујната, црвена во гостинската, тиркизна во спалната соба. Ентериерот можеби ќе ве инспирира да смените нешто во вашиот дом и да внесете поинтензивни тонови макар во деталите.
Нема коментари