Нова модна етикета која доаѓа од Украина го привлече вниманието на модните уреднички и блогерки, Vyshyvanka by Vita Kin, која специјализира изработка на етно-фустани со возбудлив вез инспириран од украинскиот фолклор, но и од ацтечката и романската иконографија. Украинската дизајнерка Вита Кин фустаните почна да ги продава на својот Инстаграм профил, веднаш се најдоа како дел од гардеробата на Мирослава Дума, Ана Дело Русо и блогерката Леандра Медин, па по брзиот моден бум сега може да се купат на Net A Porter. Идејата на Кин е традиционалниот украински вез да го претвори во модерен дизајн, а асортиманот го прошири и со селски кошули, комбинезони и капути.
Модните публикации и блогерите ги оценија креациите на Вита како совршен летен фустан. Базиран на словенската традиционална облека со широки ракави и со богат фолклорен вез, дизајнеката го осовремени со полесна ленена ткаенина и со поживи нијанси како на пример флуоресцентна розова и интензивно тиркизна боја. „Моите колекции не се креирани во зависност сезоната, туку мојата инспирација. Постојано сум инспиририрана од традициите и техниките од различни древни култури кои изумираат, техники на правење и декорирање како везење, макраме и апликација на бои“, вели дизајнерката Вита Кин. Колекцијата на Вита Кин е одличен пример како може да се направи модерна верзија на фолклорното наследство на една земја, позитивна страна е што креациите не изгледаат костимирано, а во исто време го следат актуелниот бохо стил, иако тоа не е целта на дизајнерката. (К.Т.)
Нема коментари