Црните мантили за дожд со бел натпис на брендот Vetements минатата година станаа едни од најносените парчиња облека во уличната мода. Кабаниците, кои се наменети за двата пола, навидум се обични јакни за заштита од дожд, но благодарение на добрата street style кампања на Vetements, веќе ги носат познати блогери и ѕвезди од уличната мода. Под нивно влијание повтoрно се актуеизира носење на кабаниците заради нивниот изглед, а не поради функционалноста.
Повеќето модни брендови како H&M, Mango, Zara, Topshop, Mohito и Bershka веќе понудија стилизрани и колоритни модели во своите пролетни колекции, кои ќе може да се носат како модно парче и кога има сонце. Дел од нив се носат и во комбинација со здриго палто, мантил, капут, елек или јакна, а некои се со подебела внатрешност и се мулти функционални за повеќе временси услови.
Нема коментари