Новата колекција POP на швајцарскиот бренд за часовници Swatch сега е достапна и кај нас благодарение на ексклузивниот застапник на Македонија, „Божиновски часовници и накит“, чиј тим беше домаќин на промотивната забава што во петокот се одржа во концептуалното кафуле „Концепт 37“. Повод е токму колекцијата Swatch POP, чии дизајни можеа да се видат одблиску, а целата промотивна креатива е дополнета со десет уникатни цртежи на познатиот графички дизајнер и илустратор Иван Петрушевски – Флим, инспирирани токму од колекцијата и кои исто така беа изложени во „Концепт 37“. Шаренилото и урбаниот стил од часовниците Swatch POP се отслика во атмосферата на забавата, презентацијата ја водеше Марко Новески, кој е актуелен радиоводител на новата емисија „Сказалки“, а забавата ја дополни и селекцијата музика на ДЈ Чваре. Тимот на „Божиновски…“ на интерактивен начин им ги откриваше новите дизајни на Swatch на своите гости, кои уживаа во шерени коктели, лижавчиња и шеќерна волна.
Срцето на колекцијата Swatch Pop се девет часовници кои се дизајнирани за да гарантираат ослободување на вашата имагинација и креативност. Три се црно-бели часовници дизајнирани имајќи ги на ум графичките дизајнери кои секогаш ги ценат чистите форми и линии. Три се колоритни креации кои наместо бројки, имаат конфети и три се уникатни дизајни кои ќе го уловат секој поглед. Спојот на неонските бои и ПОП арт е она што дополнително ги истакнува овие часовници, покрај куќиштето кое лесно се вади. Секој од часовниците е спакуван со специјален додаток кој ви овозможува да го однесете вашиот Swatch POP на нова досега невидена дестинација за него. Овие впечатливи часовници имаат куќиште кое лесно се вади и може да се носат на бескрајно многу начини и на дестинации каде што ве носи вашата имагинација. Во еден момент тие одбројуваат на вашата рака, а во следниот се прикачени на сладок синџир.
Swatch е швајцарски бренд кој во 1983 година направи револуција во класичното часовничарство со претставувањето на првиот пластичен часовник изработен во Швајцарија. Одеднаш часовниците не беа веќе начин само како да се мери времето. Станаа нов начин на тоа како да се прикажеме себе си, без зборови. Уште од своите почетоци, Swatch бил поврзан со модерната уметност. Swatch часовниците се уметничко дело самите по себе. Воедно се и уникатен медиум за модерната уметност и начин да се покаже креативноста на свој и посебен начин. Кога инспирација на Swatch ќе се сретне со креативноста на уметниците, се добиваат уникатни дела. Едни од тие дела се специјалните фотографии кои Иван Петрушевски ФЛИМ (FLIM) ги изработи инспириран од разиграниот и откачен Swatch POP часовник. FLIMxSwatch е селектирана серија на фотографии кои ги оживуваат Swatch POP часовниците во реалност и даваат нова димензија за тоа што го перципираме како реалност и фантазија.
Нема коментари