Секогаш кога Pantone ја објавува бојата на годината, како што компанијата за стандарди за боја тоа го прави секоја година од 2000-тата, нурнва во својата богата архива со нијанси за да најде нешто што претставува културна прогноза за годината што следи. Но, за 2022 година, направи нешто малку поинаку – лансираше сосема нова боја, наместо да одбере од постоечката палета – PANTONE 17-3938, позната и како Very Peri. Пантон ја опишува како „динамична сина нијанса со виолетово-црвени тонови“ и понатаму вели „оваа најсреќна и најтопла од сите сини нијанси воведува моќна мешавина на новост“.
-За нас беше многу важно да излеземе со нова боја, бидејќи луѓето сега имаат сосема нова визија за светот – коментира Леатрис Ајсман, извршна директорка на Пантон. Според Леатрис оваа боја го симболизира духот на времето и промените низ кои поминуваме во моментов.
View this post on Instagram
Нема коментари