Виолетова, сина, пурпурна или лаванда?! Како би ја опишале Very Peri, бојата што институтот Пантон ја прогласи за боја на 2022 година?! Пантон вели дека е „динамична сина нијанса со виолетово-црвени тонови“, ќе биде тренд следната година, но се чини дека варијации на оваа боја веќе се популарни кај славните и на модните писти кај познатите дизајнери. Оваа нијанса ја има во колекциите на Ланвин, Валентино и Сен Лоран за пролет 2022, уличната мода го предвиде трендот, а оваа вибрантна и силна боа ја видовме на црвениот килим. Лејди Гага на премиерата на својот филм „Куќата Гучи“ се појави во пурпурно виолетов фустан со потпис на Гучи, a Зендаја неодамна носеше винтиџ модел на Версаче во кој ја имаа оваа боја. Еве неколку стилски примери со Very Peri бојата или со нијанси слична на неа.
Нема коментари