Познатата ѕвезда на уличната мода Вероника Хајлбрунер, поранешна соработничка на Mytheresa.com и основачка на проектот Hey Woman, постојано привлекува внимание со својот личен стил, што пак ѝ носи ангажмани и во рекламни кампањи. Нејзиниот посебен стил го препозна и брендот Massimo Dutti, кој нуди префинетост, елеганција и класични кроеви за модерни жени во земјени и неутрални бои. Интересната Германка Вероника е фотографирана во креации пролетната колекција, како ретро фармерки и фустани од мек џинс, елегантно здолниште на преклоп, антилоп-јакна, нежно плетиво, лелеави пролетни фустани, минималистички чанти и сандали. Фотосесијата е направена во стан со посебен амбиент, уреден во комбинација од модерно со детали од 5—тите години.
Нема коментари