Не постои модна хроника од уличната мода во која не е вклучена Вероника Хајлбрунер, модна уредничка на германското издание на Harper’s Bazaаr, модна инсајдерка, ама и инфлуенсерка, коосновачка на hey woman!, и партнерка на исто толку модно интересниот и влијателен Џастин О’Ши. Вероника и Џастин на почетокот од годината објавија дека чекаат бебе, а Вероника која сега е во седмиот месец од бременоста не престанува да ги посетува модните настани и беше фотографираната за време на модните недели во Лондон, Милано, Копенхаген и Париз.
Позната по нејзината автентична интерпретација на комфорен стил, Вероника сега има уште поголема причина да се облекува најудобно што може. Но тоа не значи дека ги сменила модните преференци, и понатаму ја покажува својата модна осмисленост поради која и почна да привлекува внимание. На последните модни настани ја видовме во топли јакни, авијатичарски и со пердуви, впечатливи капути и шарени фустани како почдобар избор во однос на фармерките што често ги употребува. И пред бременоста Вероника носеше ниски обувки, перидодов ја забележавме во повеќе видови чизми (Doc Martens и Timberland) и разни видови патики.
The end @louisvuitton aka always love the drama of the last show on the last day ☯️ for a bittersweet #pfwbyheilbrunner arriverderci A post shared by Veronika Heilbrunner (@veronikaheilbrunner) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари