Од неодамна венчаниците со потпис на познатата дизајнерка Антонија Ристовска се достапни во Охрид, во новиот салон за венчаници Ellei`s Wedding Gallery. Антонија ни открива како дошло до соработка со сопственичката на салонот и вели дека приказната започнала на необичен начин.
„Нашата клиентка Елена Радеска која во јуни 2018 година ја правеше својата свадба, ми се јави да ја искаже својата благодарност и среќа колку убаво се чувствувала на денот на свадбата и со идеја во Охрид да се продаваат моите креации, бидејќи на Охрид и околните градови навистина му недостигаат уникатни венчаници, софистицирани и посебни, со убави материјали, кроеви и изработка. Ова само ми беше потврда зошто ни доаѓаат девојки од Охрид, Струга, Битола, Ресен, Кичево… – раскажува Антонија.
На Антонија ѝ се допаднало размислувањето на Елена и ја прифатила нејзината понуда за соработка со која венчаниците со нејзин потпис ќе бидат поблиску до идните невести од Охрид и околината на градот, преку новоотворениот салон за венчаници наречен по Елена – Elliе`s Wedding Gallery. Охрид е туристички град, па ова е можност со креациите на Антонија да се запознаат и девојки од други градови и држави.
-Секоја невеста одбира венчаница со мисла дека еднаш стапува во брак. Тоа е посебен момент и заслужува посебно внимание,токму затоа нашето мото е дека секоја невеста заслужува да се чувствува посебно. Тргнувам од себе и самата јас скоро правев свадба. На Охрид му недостигаше свежина од ваков тип, на Охрид му недостигаа уникатни модели на венчаници, а не она „веќе видено“. Тешко е покрај сите обврски околу организација на свадбата девојката да треба да патува по неколку пати до Скопје или подалеку, затоа одлучив да ги поштедам идните невести и да ја донесам оваа убавина и уникатност во мојот роден град. Топло ги поканувам идните невести од Охрид и поблиските градови да закажат проба и да се уверат дека штом нè одбрале нас нема за што да се грижат – ние знаеме колку им е важен тој ден. Го одбрав ателјето на Антонија Ристовска бидејќи во моментот кога влегов таму го препознав мојот стил и ми беше јасно дека сум во сигурни раце. Знам дека многу девојки ќе ја согледаат посебноста во нејзините креации – вели Елена.
Салонот се наоѓа во центарот на Охрид на ул. 7ми Ноември бр. 28.
Нема коментари