Дизајнерката Мара Хофман креира втора колекција на венчални фустани наречена Devotional Collection во која понуди осум креации за девојки со слободен дух и имиџ инспиририран од бохо-стилот. Препознатлива по костими за капење во психоделични принтови, Хофман сега се фокусира на идните невести кои негуваат романтичен стил и сакаат малку поинакви венчални фустани, а идејата е креациите и понатаму да се носат во некоја следна свечена пригода. Свадбените фустани се нежни, лелеави, именувани по антички божици како Фреја, Атина. Хера и Дијана, направени се од свилен шифон, светки и необични преклопи, а за нивно промовирање подготвена е оваа фотосесија снимена на отворено со манекенка која носи интересни венчиња од полско цвеќе.
Нема коментари