Проѕирни корсети, структурални здолништа и тродимензионални форми од органза се референците за новата свадбена колекција на Вера Ванг за пролет 2017, која нуди поинакви и привлечни венчаници за невестите што сакаат да ги кршат модните правила. За промоција на колекцијата Ванг наместо презентирање на писта или класичен лукбук, го подготви видеото Désir à l’Anglaise со режисерот Гордон вон Стајнер, во кое се „слави длабоката воздржаност на британската монархија“. Моделите Жозефин де Тутор и Злата Семенко се снимени како се шетаат низ раскошен имот додека ги носат драматичните фустани со провокативни корсети и со богат вез и тантела.
Нема коментари