Музичката ѕвезда Каролина Гочева викендов се венча со уметникот Михаил Корубин и предизвика внимание на домашната, но и регионалната јавност. Првите фотографии од свадбата ги објави самата Каролина на својот Инстаграм профил, а тие го открија и нејзиниот избор на венчаница – долг романтичен фустан од тантела со винтиџ изглед, но осовременет со транспарентни делови. Долгогодишната стилистка на Каролина, Цаци Паковска, откри дека венчаницата е од Ermanno Scervino, и е купена во Италија. Паковска се погрижи за комплетниот свадбен стајлинг на Каролина, како и за фризурата заедно со Јасмина Костиќ. Шминката е на Дадар, а чевлите се од Gianvito Rossi.
Во текот на вечерта Каролина се пресоблечен во втор фустан, со мини должина и со мрежест детаљ во горниот дел. Каролина и Михаил избраа невообичаена локација за свадба, хангар во спортскиот аеродром Стенковец, кој беше претворен во голема сала со музички подиум, обоена во виолетова боја, а уреден од страна на Bottega Eventi. (К.Т.)
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари