Селектираме неколку Модели на штеповани чанти и ранци од понудата на брендот Parfois, кои се предлог за есен-зима 2020/21 кои одлично се вклопуваат во секојдневиот изглед. Штепованиот, ватиран, ефект потсетува на легендарните модели на чанти на Шанел, но во концептот на Parfois се полежерни и можат да се носат дури и со спортска облека. Брендот Parfois за сезонава претстави неколку модели на чанти за преку рамо, чанти со поголема величина и ранци во црна и сребрена боја.
Нема коментари