Еден од најактуелните шминкери во Македонија, кој се грижи за мејкапот на многу познати лица и модни едиторијали, Васе Доковски, на 23 март (петок) ќе одржи предавање за трендовите во шминкањето во рамки на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo во Македонската опера и балет. Овој млад и перспективен дизајнер на ентериери, кој изминативе години се популаризира како шминкер кој соработува со познати модни имиња како дизајнерката Ивана Кнез, моделите Катарина Ивановска и Елена Реи и други редовно одржува и предавања и семинари во „Кариера Плус“ на тема „Нашминкај се сама“. Meet & Greet во МОБ со Доковски ќе почне во 17 часот. Покрај тоа што Васе ќе одржи обука како сами да се нашминката за одредени настани, што ќе го презентира на модел, тој ќе додели и ваучери со попусти на присутните гости кои први ќе му постават прашање на перформансот.
-Подготовките привршуваат, а возбудата расте. Во петок во МОБ мислам дека ќе имаме интересен настан кој е отворен за сите љубители на светот на убавината. Темата, односно типот на шминка што ќе го презентирам ќе го одлиучам со помош на моите клиенти и пријатели на социјалните мрежи. Комуникацијата со нив ми е навистина од огромна помош. Ќе изработам целосен изглед на моделот Мартина Марковска и ќе се обидам да откријам многу од моите тајни за совршена шминка. Освен тоа, сите посетители ќе ја имаат можноста да ми постават прашања што најмногу ги интересираат. Најсреќните ќе добијат и ваучер за шминка со 30 отсто попуст. Се надевам дека освен за мене, целиот настан ќе биде забавен за сите останати! Едвај чекам да се запознаам со сите оние кои секојдневно ми даваат огромна поддршка на социјалните мрежи, а сум немал прилика да ги нашминкам. Се гледаме – вели Доковски. (А.Н.С.)
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари