По неполни три години од ангажирањето на Александар Ванг за главен дизајнер на модната куќа „Баленсијага“, денес пристигна веста дека американскиот дизајнер повеќе нема да работи за куќата основана од Шпанецот Кристобал Баленсијага. На почетокот од месецот се појавија неколку информации дека „Баленсијага“ нема да го продолжи договорот со Ванг, сега и официјално куќата изјави дека го раскинува договорот и Ванг последната ревија ќе ја има во септемри кога ќе ја прикаже колекцијата за пролет-лето 2016, последна за „Баленсијага“ со негов потпис. Со ова останува испразнето местото на дизајнер во една од најпрестижните светски модни куќи, се очекува во следните денови да почнат калкулации и предвидувања кој ќе го замени Ванг.
Нема коментари