По неколкумесечна пауза, конечно се отвора долго очекуваната сезона 2017 на „Љубовни базари“ – в четврток, од 17 до 23 часот повторно дружење со македонскиот дизајн во скопското кафуле „Љубов“.
-Нема да објаснуваме многу зошто направивме подолга пауза, но повторно се враќаме на вообичаениот распоред – базар, еднаш во месецот. Од останатите работи, покрај тоа што ќе може да ги разгледате ракотворбите на креативиците и да си купите нешто, ќе може да се освежите со Туборг за стотче и ќе се журкаме на музичкиот избор на диџеј Васо – известуваат организаторите.
Учесници на овој базар ќе бидат: Глигор Кузмановски, MORPHO, Bulberry, Okokori, Mei Ro, Em Ellephantski, Јулија Барбун, Урбан Ера, Millow и Карло Хорват.
Нема коментари