Карго панталони со џебови, војнички јакни со многу прегради, комбинезони налик на работничките одела, маслинестозелени парчиња, ремени и практични торбички околу половината… Ова се главните елементи на една од водечките тенденции за пролет 2019 – utility трендот. Што подразбира утилитарност? Војнички стил и делови од работничката облека во модна верзија која елегантна и лусузна.
Ова е фузија на функционалноста и модата за да се добие современа естетика со која дизајнерите измаршираа на пистата за ревиите за пролет-лето 2019. Иако utility концептот значи предимство на функционаност над атрактивноста, новата интерпретација изгледа мошне привлечно и го презеде водствто на трендови во уличната мода.
Колор палетата на утилитарниот тренд е маслинесто зелена, беж, бела, окер, зелени тонови, но сезонава гледама парчиња и во пудресто розова, резеда и светло жолта боја. Материјалите се квалитетни, а модните парчиња се комбинираат со елегантни и лукузни детали.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари