Понесени од принципот на mix‘n‘match во модата кога се мешаат принтови и бои кои на прва изгледаат дека се неспоиви, дизајнерите на ентериери го предлагаат истиот принцип и во уредувањето на домот. Тие прават спој на графички шари со принт на зебра, смели дизајни во јаки бои со посуптилни шари, килими со линии во комбинација со шарени завеси, тапети и постелнина со нежен принт во неутрални нијанси со парче мебел во интензивна боја. Доколку не сте подготвени за храбри промени, како купување на мебел во необична боја или поставувањето шарени тапети, вежбајте со мали детали што лесно може да ги смените доколку не ви се допадне конечниот изглед, на пример мешање шари на чаршафи и на сервис за јадење, или декорирање со повеќе перничиња во различни принтови и дезени.
Нема коментари