Основачките и уреднички на Stylist.mk, Ана Несторовска и Катерина Трајановска, се појавуваат во улога на модели во едиторијал на македонскиот моден магазин Unique и португалскиот бренд за урбан накит Parfois. Во фотосесијата покрај модните новинарки се и модната уредничка во Unique, Милена Танаскоска и познатата блогерка Јована Зука.
Во пријатната атмосфера на скопскиот локал Brick bar, четирите вљубенички во модата позираа пред талентираниот фотограф Жарко Чулиќ. Секоја од девојките направи избор на модни додатоци од колекцијата есен-зима 2014 од продажните места на Parfois во „Скопје сити мол“ и во „Рамстор“.
Катерина Трајановска во својот имиџ вметна индиго-сино шеширче, свилена шарена марама, трендовска чанта во крем боја, сет прстени за неколку прсти, бисерен ѓердан во сино-бела варијатна, есенски сандали на висока платформа и обетка за на цело уво (Ear Cuff). Деталите ги искомбинира со креации од есенската линија на „Манго“: индиго-син капут, бела лелена блуза порабена со тантела и кожено здолниште.
Во интервјуто за Unique таа изјави дека нејзниот личен стил е олицетворение на: „Спонтано следење на сопствената стилска визија за естетика и суптилно инкорпорирање на тенденции. Не реферира на ери, личности и правци, туку е мој личен еклектичен спој на повеќе стилови, кој се движи од париски шик минимализам до смел микс на шари и текстури“. За оваа сезона предлага: „здолниште кроено во круг, бела кошула, волуменозен капут, шапка, голема чанта, впечатлив ѓердан и крупни обетки. Но и чизми до глужд, геометрија, интригатни кроеви, принт, кашмирна марама, а бидејќи сега сум во „сината фаза“, многу облека и детали во палета од тиркизно/кобалтно/индиго сина боја“. За нејзе комбинацијата без модни додатоци е исто како приказна без кулминација.
Ана Несторовска се одлучи за додатоци од Parfois во темноцрвена боја. Во овој тон беа балетанките, шеширот и големата чанта од новата линија на брендот. Ги искомбинира со ѓердан со крупна мониста во зелена, златна, црвена и бела боја, компет птрстени со каменчиња, ретро очила, а во една од варијатните се одлучи и за плико чанта со впечатлив принт. Комнинацијата ослично се поклопи со минималситичкиот избор на парчиња облека, бела кошула и сиво палто од рвид потпишани од „Манго“, како и трендовски здолниште панталони.
Во изјавата за Unique вели дека нејзниот имиџ го дефинира како: урбана елеганција, која е спој на ретро и трендовски парчиња. „Отсекогаш сум ги сакала комбинациите на модели од различни ери и стилови. Низ годините, врз мојот стил влијание имаат извршено модата во сериите „Сексот и градот“ и „Маркетинг Директори“ (Mad Men), како и модните икони: Марлен Дитрих (во 30-тите и 40-тите), Одри Хепберн (во 50-тите и 60-тите), Дајан Китон во „Ени Хол“ во 70-тите, Рошин Марфи 2000-те…Инспирацијата за применување на актуелните трендови ги добивам од секојдневното следење на уличната мода од светските центри и стилот на познатите модни блогерки“. Открива дека оваа сезона најмногу носи: пончо/ќебе наметка, моторџиски чизми, впечатлив ѓердан, шешир и миди здолниште или здолниште-панталони. За нејзе комбинацијата без модни додатоци е исто како: недоискажана мисла, недоизградена куќа, недосликана слика… за безгрешни и секогаш успешни комбинации препорачува : бела кошула, блуза со пруги, црно палто, кожена јакна, фармерки, класични панталони и уникатни ѓердани.
Нема коментари