Познатата мисла на еден од основачите на современата архитектура, Лудвиг Мис ван дер Рое:„Помалку е повеќе“, која е една од најупотребуваните фрази и во модата, изминативе сезони важи за сите аспекти на модниот изглед освен за накитот. Посебно се употребува во изборот на ѓерданите, каде што сега „повеќе е многу повеќе“. Трендот на масивни ѓердани , кој како клопче волница почна прво да се одморува и ткала по највлијателните модни улици во Москва, Милано, Париз, Лондон, Стокхолм и други, се вгнезди во колекциите на high street брендовите.
Гламурозниот и раскошен накит повеќе не е додаток само во високата мода или моделшто се носи во свечени прилики, туку е задолжителен елемент на секојдневната мода. Не ретко во кежуал изгледот на блогерите се среќава уникатен и раскошен гломазен ѓердан.
Нема правила но изборот на материјалот или во бојата, а уште помалку треба да има ограничувања во комбинациите со модните парчиња. Одлично се вклопуваат со актуелните ќебе – палта и фустани, модели со нагласен волумен, футурситички а ла прекривки креации, блузоните, џемперите и коктел фустаните од дебели материјали. Нема да е претерано ако масивен или раскошен ѓердан комбинирате со шарен горед дел од фустан или блуза.
Доста се носат моделите со кристали во сите бои и големини, кои блескаат подеднакво добро и на спортска, секојдневна облека и на елегани парчиња, костуми , кошули и црни коктел-фустани. Тие може да бидат комбинирани со метални додатоци, со сребрена или златна нијанса.
Често се среќаваат модели инспирирани од традициониланиот накит на африканските племиња или со мотиви од фолкорот на народите од Јужна и Централна Америка. Тука има игра со разни бои, со црна или црвена основа, како и спој со разни плетени форми и реси.
Има разлика меѓу масивните и раскошните ѓердани. Првите се со покрупни елементи, најчесто метал, плексиглас, боено дрво и кожа, а вторите се разгранети повеќеслоjни и со поситни камења, кристали, бисери или мониста.
Колку и да изгледа нападно, сè додека умешно го споите со вашиот имиџ, ова парче накит нема да го одвлекува вниманието, напротив, може само да го подобри изгледот. Може да го трансформира вашиот стајлинг, па најобичниот модел на блуза или фустан може да му даде нов изглед. (A.Н.)
Нема коментари