Дваесетина дена пред големата оскаровска вечер номинираните традиционално се собраа на ручек во Беверли Хилтон во Беверли Хилс. Со оглед на тоа што станува збор за неформална средба, и стајлинзите на собирот во понеделникот беа во тој манир, ненаметливи, класични со доза на женственост, урбаност и трендовски шик. Во фокусот беше Ема Стоун со темносиниот комбинезон на едно рамо од Stella McCartney, комбиниран со чевли од Jimmy Choo shoes и накит од Fernando Jorge. Во металик портокалов мини фустан од Louis Vuitton се појави Мишел Вилијамс. Никол Кидман носеше бел костим од Chanel, а бремената Натали Портмам се одлучила за едноставен и комотен црн фустан од „Топшоп“. Во стилот на 50-тите беше стајлинот на Рут Нега, која носеше здолниште и блуза од Miu Miu, додека Наоми Харис беше шик во кремаст коктел фустан.
Нема коментари