Архитектот Игор Василевски смисли концепт за уредување мал плоштад од 500 м2 во скопската населба Жданец, со кој привлече внимание не само межу домашната јавност туку и во регионалните медуми како Buro47.hr и Designed.rs. Проектот наречен Urban Square претставува модерна и иновативна визија за разигран простор за дружење и опуштање на место кое нуди панорама на Скопје. Главни елеметни се огромните црвени столни ламби како улична расвета, гигантски моливи, клупи во облик на дрвени штипки, спојувалки како локери за велосипеди, како и и големо платно на кое младите креативци ќе може да цртаат графити. Реализацијата на овој сквер е најавена за април оваа година.
Нема коментари