Миранда Кер, Џесика Алба, Соланж Ноулс, Џордан Дан, Оливија Палермо, Алесандра Амбосио и други урбани и шик дами седеа во првите редови на ревијата на шведскиот моден гигант H&M, што се одржа вчера во Париз. Новото заштитно лице на брендот, Миранда Кер, на презентацијата на колекцијата за есен-зима 2014/15 се појави во долг црн фустан со богата цветна текстура, порабен со ситна тантела. Во црно, модерно издание се појави и блогерката Оливија Палерно, која носеше кожен комплет од здолниште и јакна, комбинирано со морнарска маица. Топ-моделот Алесандра Амбросио, пак, носеше црн комбинезон исшаран со златни пруги. Контрасно на нивниот избор, беше модното решение на Џесика Алба, која на себе имаше фустан од тантела. Троијан Белисарио носеше бел џипси-модел, а Џанг Џин Јуан краток топ и миди здолниште во стилот на 50-тите. Урбани сини креации носеа сестрата на Бијонсе, Соланж во шарен комплет од шорцеви и балон блуза, моделот Џордан Дан која носеше исто така шарен комплет со доминатна бебешко сина боја и Софија Санчез, која на себе имаше фармерки и свилено темносино палтенце. За џинс се одлучила и манеканката Ли Лезарк.
Нема коментари