Потребни беа три години работа, под водство на архитектите Јун Аоки и Питер Марино, за да се трансформира бутикот на Луј Витон во Токио лоциран во областа Гинза
Една специфична градба го привлекува вниманието деновиве – новата фасада со ефект на огледало на бутикот на Луј Витон во главниот град на Јапонија. Првично отворен во 1981 година, овој бутик доживеа реновирање и необична трансформација. Инспирирани од рефлексиите на водата на пристанишниот град и на Гинза, архитектите Јун Аоки и Питер Марино ја претставуваат повеќекатната зграда со закривен и брановиден изглед, целосно покриена со холографско стакло и ентериер со подеднакво органски шарм.
Ако екстериерот со освежувачка естетика го замисли Јун Аоки, внатрешноста на продавницата уредена во многу природни бои и со големо скалило од дабово дрво и стакло, е дизајнирана од американскиот архитект Питер Марино, познат по бројните соработки со уметници и модни куќи вклучувајќи ги Диор, Келвин Клајн и Ив Сен Лоран. Во задниот дел од продавницата, второто скалило е украсено со огромна фреска сублимирана од делото на Кимико Фуџимура, Wave Blue Line.
Во склоп на бутикот, на последниот кат, се наоѓа LV café, управувано од еден од најдобрите готвачи во светот, Јосуке Суга, што ја означува неговата втора гастрономска соработка со Луј Витон.
Нема коментари