Удобните, нескојдневни колоритни фотељи и перничиња на етикетата на Анита Гај, Lotus Lounge Chair и уникатните светулки на брендот на Нина Нинеска, Cosmic Light од петокот може да се најдат на едnо место, во продавицата „Лотус генерација“ на првиот кат во „Скопје сити мол“. Поп-ап продавницата „Лотус генерација“ е современо дизајниран простор кој зрачи со светлината и мекоста на двата бренда и каде што љубителите на современиот дизајн може да го опремат, украсат својот дом.
Линијата на „Лотус“ (Јога, Лист, Кид, Бад и Оригами) на Анита Гај, веќе неколку години ѝ е позната на македонската јавност како дел од амбиентот на сите значајни случувања кај нас. Нина Нинеска, пошироката јавност ја запозна преку скулптури и инсталации, а оваа година дебитираше со современите светилки (Снегулка, Геометри, Унилајт и Универзум).
-По пробното изложување на Lostus Lounge Chair во атриумот на „Скопје сити мол“, констатирав дека брендот треба да го приближам до купувачите, бидејќи само на тој начин производите ќе продолжат да живеат. Исто така ова ќе биде совршена шанса да ги презентирам и моите нови дизајнирани производи и додатоци за конкретна намена-изјави Анита Гај.
Пред неколку години „Lostus Lounge Chair“ беше дел од инсталацијата „Дрвото на животот“ лоцирана во близина на градскиот плоштад „Македонија“, додека пак годинава заедничката соработка на двете дизајнерки резултираше со нов „Лотус Снегулка“ инспириран од светилка на Нинеска.
-„Космик лајт“ е бренд кој ја поврзува современата уметност со индустрискиот дизајн во една целина. По неколку години создавање на современи скулптури низ интроспекцијата “Кој сум јас” природно дојде да создадам уникатни светилки кои едновремено може да се употребуваат како скулптури и светлосни објекти“- вели Нинеска.
Нема коментари