Прво го промовираа мажите, па потоа почнаа да го применуваат и жените – станува збор за таканареченото undercut шишање, односно бричење на дел од косата на начин на кој остатокот од косата слободно паѓа врз бричениот дел, фризура која стана огромен хит во последниве години. Потоа дојде на ред техниката на правење на форми на главата со помош за берберска машинка, а сега актуелни се nape undercut, шари кои жените ги прават на тилот. Новото шишање носи мала мистерија, бидејќи шарите може лесно да ги покриете доколку имате долга коса. На тој начин може да ги сокриете кога сакате, но и да ги покажете кога ќе ја фатите косата во пунџа. Еве неколку примери што ги најдовме на Инстаграм со различни шари и мотиви.
Нема коментари