Инспирирана од морето и животот во него, новата колекција на популарниот бренд за урбан накит и модни додатоци Parfois го донесе мирисот на летото во скопските продажни места. Во линијата наречена Under the sea главните парчиња се брошеви, кои може да се искористат на многу различни начини.
-Parfois повторно се стреми да инспирира презентирајќи моден предизвик за комбинирање на овие шармантни модни додатоци во уникатен изглед-велат од брендот.
Риби во различни големини, ракчиња, морски камења во корални и зеленкасти тонови ја поставуваат основата за оваа забавна, разнобојна и разиграна колекција. Брошевите одлично одговараат на клучните летни парчиња како еспадрили, маички, сламени капи и чанти, но и со посвечените комбинации каде деталите уште повеќе доаѓаат до израз.
Во колекцијата Under the sea се вклучени и додатоци за коса во повеќе форми со украсни камчиња во различни нијанси на сина боја со златни.
Ова е колекција која е полна со боја, каде црвените тонови се доминантни, а се збогатени со монистри и бисерни камчиња, додека пак самите парчиња овозможуваат креирање на повеќе различни и единствени комбинации.
Нема коментари