Модната куќа „Валентино“ ја објави новата рекламна кампања за есен-зима 26/17 во која ја истражува уметноста на танцот. Кампањата ја следи балетската тема на колекцијата и ги трансформира манекенките во балерини – Карен Елсон, Џулија Ноис, Џејми Бошерт и Катлин Ас се фотографирани од Стивен Мајзел во грациозни движења додека позираат во креации од есенската колекција. Динамична и етерична во исто време во кампањата манекенките позираат заедно со машки модели покрај искривени скали и подвижни сфери додека ги промовираат лелеавите бежови фустани со балетски шмек и контрасните црни палта и вечерни тоалети.
Нема коментари