Американскиот дизајнер на машка облека Том Браун деновиве ги спои модата и уметноста отворајќи инсталација во париската луксузна стоковна куќа Le Bon Marché со која се промовира неговата колекција за пролет-лето 2016, премиерно прикажана во јули на првото издание на Њујоршката недела на машка мода. Инсталацијата е наречена Office Man 2, сместена е на вториот кат кој за оваа цел е претворен во сребрено-бел простор опкружен со огледала, а во кој се сметени работно биро и други предмети што асоцираат на канцеларија. Препознатливите чевли на Браун се распоредени во централниот дел од инсталацијата, а дизајнерот креира и неколку нови модни парчиња специјално за настанот.
Нема коментари