Микс на клучните парчиња од пролетните колекции и топли зимски модели, градирани и комбинирани со силен индивидуален печат ја одбележува уличната мода на актуелната Њујоршка модна недела. Капутите со нагласен волумен во пастелни бои, кратките бунди и јакните со кожени елементи се најчестиот избор на њујорчани. Под нив се наѕираат модерни женски кроеви на машки костуми во силни тонови, џемпери со различни должини, принтови и реси, кроеви во стилот на 70-тите, молив здолништа и панталони, но и кроеви како во 50-тите, инспирации од уличната мода во 90-тите и друго. Стајлинзите се заокружени со волнени капи, шешири, крзнени шалови, колоритни понча, патики, сандали со дебели хулахопки и чизми на платформа. Во ова стилско шаренило се среќаваат и минималистички решенија, кои се состојат од само две или три парчиња и едноставни кроеви и бои, но оставаат впечаток на модна неколкуслојнст.Ви преставуваме избор од фотографии што тимовите на style.com и buro24/7 ги уловија деновиве на улиците на Њујорк, пред почеток на ревиите.
Нема коментари