Aкцентот на рамениците на облеката е голем тренд веќе неколку сезони, оваа сезона, како и во најдобрите времиња во 80-тите, обемните и подуени ракави на фустаните ги преземаа главните улоги. Уличната мода ги отсликува главните тенденции од модните писти, а стилските ѕвезди на свој начин го интерпретраат трендот на пуф-ракави. Тие бираат да носат креации со ракави во различни архитектонски кроеви и должини. Овие фустани се разновидни, подеднакво добри за секојдневниот изглед и за посвечени пригоди, а стилизирани се со најновите трендовски сандали и мали чанти.
Нема коментари