Топли земјени тонови за студени есенски денови
Кафената боја во сите свои нијанси е голем тренд сезонава, забележавме дека многу ја носат ѕвездите на уличната мода, а во првите есенски денови и преминот од лето во есен во комбинациите може да се додадат и посветли бои како беж и окер. Земјените тонови се вообичаени за есенската мода, впрочем асоцираат и на боите на есента.
Лесно е да се комбинираат овие тонови, се однесуваат како неутрални и одговараат скоро со сите други бои. Во беж, окер или кафена обоени се некои од типичните есенски модни парчиња, како што е на пример мантилот. Есенва во овие тонови се креирани некои од најважните модни парчиња – костими со панталони, кожени бермуди и кошули со голема крагна. Беж мантилите се класика, а често сакаме да носиме чевли и чанти во кафени тонови.
Споменатите тонови можат да се носат во монохроматски стајлинг, а исто така умешно се комбинираат меѓу себе. Еден од најсигурните начини да се помешаат е спојот на беж и темно кафена. Токму монохроматските и комбинациите на овие три бои во еден стајлинг беа бројни во уличната мода за време на светските модни недели.
Како пример се и комбинациите во кои се вметува бела или црна боја, а впечатливи се и стајлинзите со контрасни елементи како облека во црвена или некоја друга интензивна нијанса и со чизми со змиски ефект.
Нема коментари