Дождливите денови ја нагласија потребата од облека и додатоци кои му пркосат на дождот, во овој преоден период од една во друга сезона, кога се менуваат постудени, потопли и врнежливи денови, гардеробата ја координираме според временските прилики. Кога времето е врнежливо, првиот елемент на заштита е чадорот, шапката или марамата заврзана околу главата како старо-нов тренд, потоа мантилот, кој освен од габардин може да биде направен од винил или пластифициран материјал, а за екстра заштита голема улога имаат и воодоотпорните чизми. Ако дождот ве изненади, можете да ја искористите марамата или качулката од дуксерот. Како пример за комбинации, еве една галерија со фотографии кои потврдуваат дека можете да изгледате шик и на дожд.
Нема коментари