Овој вид на моден додаток обично асоцира на спортска, а не висока мода, но во случајов овој модел на ранец украсен со шари во облик на графити од „Шанел“ на прв поглед сугерира на луксузна, а не толку на улична мода. Ранецот што веќе го поседуваат и носат Ријана, Кара Делевињ и Лили Ален, чини околу 2.000 евра и стана хит на сезоната пролет-лето 2014. Сепак, ова луксузно парче си најде свое место и во уличната мода каде забележавме повеќе урбани алтернативи на стајлинг и комбинации како со едноставни парчиња и шик патики, така и со поексклузивни креации, необични палта, шарени здолништа и авангардни чевли.
Нема коментари